Тргна автопатот Демир Kапија - Смоквица

Bez autora
Apr 22 2013

Тргнаа градежните работи за изградба на автопатската делница од Демир Kапија до Смоквица, кој е дел од стратегискиот Kоридор 10 на македонска територија. Во грчката компанија „Актор“, која ќе ги изведува градежните работи, велат дека од понеделник до петок периодично ќе има целосно запирање на сообраќајот на овој дел од Kоридорот 10 во временски интервали од по еден час. Запирањето на сообраќајот е со цел да се обезбедат предуслови за безбедна и сигурна инсталација на системот за заштита при паѓање на карпи, односно поставување бариера и мрежа против паѓање карпи, на влезот во постојниот тунел кај Демир Kапија. Сообраќајот секој ден од понеделник до петок ќе биде целосно во прекин од 9.30 до 10.30 часот, од 11.30 до 12.30, од 13.30 до 14.30 и од 15.30 до 16.30 часот.

Тргна автопатот Демир Kапија - СмоквицаТргнаа градежните работи за изградба на автопатската делница од Демир Kапија до Смоквица, кој е дел од стратегискиот Kоридор 10 на македонска територија. Во грчката компанија „Актор“, која ќе ги изведува градежните работи, велат дека од понеделник до петок периодично ќе има целосно запирање на сообраќајот на овој дел од Kоридорот 10 во временски интервали од по еден час.

- Запирањето на сообраќајот е со цел да се обезбедат предуслови за безбедна и сигурна инсталација на системот за заштита при паѓање на карпи, односно поставување бариера и мрежа против паѓање карпи, на влезот во постојниот тунел кај Демир Kапија. Сообраќајот секој ден од понеделник до петок ќе биде целосно во прекин од 9.30 до 10.30 часот, од 11.30 до 12.30, од 13.30 до 14.30 и од 15.30 до 16.30 часот - велат во подружницата на „Актор“ во Скопје.

Лани по повод Денот на независноста, на 8 септември беше поставен камен- темелникот за изградба на оваа нова патна делница со должина од 28 километри, која ќе се гради надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар. Новиот дел од автопатот ќе има мошне сложена маршрута со два двојни тунела, шест моста, две крстосници, пет надвозници и седум подвозници. Поради тоа, цената на целиот проект е огромна, 271 милион евра, односно 1 километар автопат ќе чини дури 10 милиони евра, што е речиси десеткратно поскапо од вообичаената. Се очекува градежните работи да завршат за четири години. Со оваа инфраструктурна артерија нашата земја ќе се поврзе на север со Европа и на југ со Солунското пристаниште. Kоридорот 10 директно ја поврзува земјава со четири од 110 трговски партнери, а дури 70 отсто од увозот и извозот се одвиваат по него.

- Со завршување на оваа делница, Kоридорот 10 ќе биде автопат во согласност со европските стандарди. Со неа, ќе се намалат патните трошоци и ќе се заштеди време, а ќе има и побрз проток на возила, што позитивно ќе влијае на зголемување на транзитот на лица и стоки и подигање на нивото на трговската размена меѓу земјите - велат во Министерството за транспорт и врски.

Новата автопатска делница ќе почне од Демир Kапија и трасата ќе поминува кај село Миравци и ќе заврши кај село Смоквица. Автопатот во еден правец ќе има по две ленти со ширина од 3,5 метри за возење и една лента од 2 метра за застанување. Во средишниот дел ќе има заштитен зелен појас со ширина од 3 метри, односно автопатот во двата правца ќе биде широк околу 22,5 метри. Kарактеристично е што на овој патен правец ќе се пробијат два подземни тунела со вкупна должина од 1.200 метри и ќе се изградат шест моста, од кои еден, со должина од 660 метри, ќе биде најдолг во земјава. Со проектот се предвидени две клучки, едната кај Миравци, а другата кај Смоквица. Автопатот е проектиран за да се вози по него со максимална брзина од 110 километри на час. Предвидено е да се изградат четири нови наплатни рампи, по две од секоја страна.

Парите за изградба се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од 107 милиони евра, кредит од 130 милиони евра од Европската инвестициска банка, грант од 45 милиони евра од ЕУ и шест милиони евра од државниот буџет. Грчката компанија „Актор“ беше избрана за најповолен понудувач на јавен повик на кој, по барање на меѓународните кредитори, беа поставени услови што не можеше да ги исполни ниту една домашна градежна компанија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik